Постапка за исплата

Вовед

Корисникот на финансиската поддршка кој ги исполнил условите согласно склучениот договорот за доделување на финансиска поддршка доставува Барање за исплата на финансиска поддршка со потребната документација до Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот најдоцна до 31 август во тековната година за реализирани трошоци од претходната година.

Кон Барањето за исплата се доставува и следната документација:

  • Годишна сметка и финансиски извештај за последните четири години  или за пократок период во зависност од датумот на кој деловниот субјект е основан и започнал со дејност,

  • Потврда од Централен регистар на Република Северна Македонија дека над деловниот субјект не е отворена стечајна постапка, не постара од 60 дена од датумот на објавувањето,

  • Потврда од Централен регистар на Република Северна Македонија дека над деловниот субјект не е отворена постапка за ликвидација, не постара од 60 дена од датумот на објавувањето,

  • Потврда од Царинската управа дека корисникот нема неплатен долг по основ на царина и други увозни давачки, не постара од 60 дена од датумот на објавувањето,

  • Уверение од Управата за јавни приходи дека корисникот нема достасани неподмирени даночни обврски, не постаро од 60 дена од датумот на објавувањето,

  • Бруто биланс со состојба на крајот од претходната година,

  • Бруто биланс со состојба на крајот од претходниот месец (или месецот пред тоа) на месецот во кој се доставува барањето за исплата,

  • Список на основни средства со набавна и амортизирана вредност со состојба на крајот од претходната година,

  • Список на основни средства со набавна и амортизирана вредност со состојба на крајот од претходниот месец (или месецот пред тоа) на месецот во кој се доставува барањето за исплата и

  • Нотарски заверена изјава на застапник по закон на корисникот, под полна материјална, кривична и морална одговорност дека приложената документација и податоците вклучени во ова барање за    финансиска поддршка се точни, вистинити и веродостојни и дека за оправданите трошоци не му е доделена државна помош по било кој друг основ во Република Северна Македонија.

Правилник за формата и содржината на барањето за ислата на финансиска поддршка, потребната документација, видовите на оправдани инвестициски трошоци и начинот на спроведување на исплатата на финансиска поддршка “Службен весник на Република Северна Македонија бр.251/2021” 

Барање за исплата на финансиска поддршка

Табели за исплата 2023 година 

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email
Share on print