ЧПП инвест

Често поставувани прашања за инвестирање

  1. 1
    Како да регистрирам компанија?

    Kомпанија може да се регстрира со посета на еден шалтер и обраќање на само еден вработен. Регистрацијата на компанијата се врши електронски преку специјализирани агенти  сметководители лоцирани низ целата земја.

  2. 2
    Колку време е потребно за да се регистрира бизнис?

    Регистрирањето бизнис трае само 2 часа. За дополнителни документи, обрасци и информации посетете ја веб страната www.crm.com.mk

  3. 3
    Колку чини регистрација на компанија?

    Регистрацијата на компанија со ограничена одговорност преку специјализиран агент е потполно бесплатна. Може да очекувате минимални дополнителни трошоци за судски преводи и нотарски заверки на потребните документи (околу 3 - 5 € на страница).

  4. 4
    Кои се најчестите типови на компании што ги регистрираат странци во Северна Македонија?
    • Компании со ограничена одговорност,
    • Акционерски друштва,
    • Претставништва.
  5. 5
    Колку изнесува минималниот капитал за регистрација на компанија во Северна Македонија?

    Минимален износ од 5000 евра за компанија со ограничена одговорност регистрирана како странска директна инвестиција. Минимален капитал за друштво со ограничена одговорност во вредност од 5.000 € може да биде изразен во пари или опрема.

  6. 6
    Како да отворам банкарска сметка во Северна Македонија?

    За да отворите сметка во банка во деловна банка во Северна Македонија, потребни ви се следниве документи:

    • Барање за отворање на сметка,
    • Сертификат од регистарот на компанија,
    • Доставен даночен број и
    • Потпис од менаџерот на компанијата заверено на нотар.
  7. 7
    Во кои случаи ми требаат дополнителни одобренија за работа во Северна Македонија?

    За работа во одредени области, како што се фармацевтски производи, банкарство, осигурување и едукативни активности, процесот на регистрација на компанијата е проследен со процес на лиценцирање од соодветните органи.

  8. 8
    Која е владината политика во врска со странските компании кои водат бизнис во Северна Македонија?

    Уставот и Законот за трговски друштва гарантираат еднаков третман на домашните и странските субјекти.

  9. 9
    Кој закон ја регулира регистрацијата на компанијата?

    Законот за трговски друштва целосно усогласен со директивите на ЕУ, регулира основање и организација на компанија.

  10. 10
    Како можете да ни помогнете со вашите услуги во нашето проширување, реинвестирање и развој на нашите капацитети?
    • Регистрирајте ја Вашата компанија во Базата на податоци на странски инвеститори во Република Северна Македонија и
    • За конкретното прашање поврзано исклучиво со вашата компанија, контактирајте го одделот за грижа на корисници - инвеститори преку е-пошта и во рок од 24 часа тимот е должен да Ви достави одговор.

    Маил за контакт: aftercare@invest.gov.mk

  11. 11
    Како можете да ни помогнете во преговорите со локалните власти, органите на државната управа и јавните институции?

    Одделот за грижа на корисници - инвеститори воспостави квалитетна и навремена комуникација со сите релевантни државни институции кои се тема од Ваш интерес. За подетални информации контактирајте не директно или преку email aftercare@invest.gov.mk.

  12. 12
    Како можете да не поддржите во областа на човечките ресурси?

    Одделот за грижа на корисници - инвеститори воспостави квалитетна комуникација со Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и можеме да Ви обезбедиме корисни контакти на Ваше барање.

  13. 13
    Како можете да ни помогнете во промовирање на соработка помеѓу инвеститори и средни училишта, стручни колеџи и универзитети?

    Ние помагаме во процесот на организирање состанок со највисоките претставници на релевантните институции и организираме социјални настани за Б2Б состаноци / тркалезни маси и специјализирани работилници со заинтересирани страни.

  14. 14
    Како можете да ни помогнете во процесот на добивање / продолжување на дозвола за престој и работа?

    Откако Вашата апликација за добивање на потребните дозволи е соодветно доставена во согласност со законските процедури во соодветната/ните институции, со проследување на бројот на апликацијата започнуваме со обезбедување поддршка во процесот на добивање виза или работна дозвола преку навремено и секојдневно следење на постапката.

  15. 15
    Како може да ни помогнете да најдеме добра локација?

    Ние Ви овозможуваме пристап до информациите со кои располага Агенцијата и истовремено помагаме при пребарувањето на порталот Браунфилд.

  16. 16
    Можете ли да ни помогнете со кој било вид финансиска поддршка?

    Секоја компанија регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија што ги исполнува условите и критериумите од Законот за финансиска поддршка може да биде корисник на финансиска поддршка. Сите потребни информации можете да ги најдете на веб страната на Агенцијата во делот за Финансиска поддршка на инвестиции.

  17. 17
    Како можете да ни помогнете да најдеме локален добавувач?

    Со регистрирање на нашиот веб-портал Македонски деловен портал за добавувачи, моментално добивате пристап до домашните добавувачи, информации за контакт, нивните тековни понуди и услуги. Во исто време, можете да ги објавувате вашите тековни барања и потреби.