Како да аплицираш

Процедура за аплицирање

Барањето за доделување финансиска поддршка за инвестиции се поднесува до Министерството за економија и труд на Република Северна Македонија најдоцна до 31 мај во тековната година, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Кон барањето задолжително се доставува бизнис план за инвестициониот проект, како и финансиски извештаи за последните четири години, односно за пократок период во зависност од датумот на основање на деловниот субјект.

Заедно со барањето за доделување финансиска поддршка, подносителот ги доставува следните документи:

  • Тековна состојба за деловниот субјект
  • Потврда дека не е започната стечајна постапка над деловниот субјект
  • Потврда дека не е започната постапка за ликвидација над деловниот субјект
  • Потврда од Царинската управа дека се подмирени сите царински обврски
  • Потврда од Управата за јавни приходи дека се подмирени сите даночни обврски
  • Годишни финансиски извештаи за последните четири години
  • Нотарски заверена изјава за веродостојноста на податоците наведени во барањето
  • Извод од Централниот депозитар за хартии од вредност, за апликанти согласно член 33 од Законот
  • Копија од акционерска книга, за апликанти согласно член 33 од Законот
  • Потврда издадена од надлежен орган на странска држава, за апликанти согласно член 33 од Законот

НАПОМЕНА: Сите документи доставени со барањето не смеат да бидат постари од 60 дена од денот на поднесување на барањето.

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email
Share on print
    Cart