Услуги

Оддели

Invest North Macedonia, официјална владина агенција одговорна за привлекување и развој на странски инвестиции и промоција на извозот, со целосна услуга подготвена да Ве води низ целиот процес на донесување на Вашите одлуки.

Кога потенцијален инвеститор сака да ги истражи можностите кои ги нуди земјата, ние ќе изготвиме посебна програма за да му ги претставиме на инвеститорот сите можности во согласност со неговите барања и потреби.

Нашата работа со инвеститорите започнува од фазата на пред-инвестиција, преку започнување на инвестицискиот проект и за време на реализација на инвестицијата во сите нејзини фази. Ние го насочуваме процесот за секој инвеститор со цел да ги задоволиме сите потреби на нашите инвеститори и да се осигураме дека сите проекти за СДИ се успешни.

Нашиот тим за пост-инвестициска поддршка  ќе обезбеди помош со посредување во Ваше име со локалните власти и Владата за поддршка на вашите планови за проширување или реинвестирање, ќе Ви помогне во добивањето на потребните дозволи и ќе ви биде на располагање за да обезбедите постојан успех на вашиот деловен потфат во земјата. Како институција посветена на правење на овој процес што е можно покорисен и без напор, нашите различни специјализирани оддели се на Ваша услуга.

Услуги за инвеститори

Тимот ќе Ве води низ почетната фаза на скенирање на состојбите во согласност со Вашите барања и ќе организира  посета во земјата.

Грижа за корисници – инвеститори

Откако ќе ја реализирате Вашата инвестиција, одделот за грижа на корисници – инвеститори на  ќе продолжи да ги следи Вашите потреби и барања, како и да ги решава сите проблеми што може да следат.

Промоција на извозот

Invest North Macedonia е посветена да им помогне на македонските компании да го зголемат својот извоз и да го развиваат својот бизнис на меѓународните пазари.

Оддел за маркетинг

Економска промоција на земјата