Република Северна Македонија е одличен избор за лоцирање на деловната активност, од повеќе причини:
- Предност од стратешката географска позиција, наоѓајќи се на крстосницата на 2 главни европски транспортни коридори;
- Високо либерализирана политика за надворешна трговија и има потпишано разни билатерални договори кои им овозможуваат на локалните производители слободен пристап до Европската унија и другите пазари, со што Северна Македонија ја прави конкурентна за раст на производството и извозот;
- Стабилно монетарно опкружување со една од најниските стапки на инфлација во регионот и стабилна валута;
- Поволен даночен пакет со една од најниските стапки на данок на добивка во светот; покрај тоа, Северна Македонија има неколку слободни технолошко – индустриски развојни зони кои нудат: 10 години даночно ослободување на данок на добивка, персонален данок на доход, ДДВ, царинските давачки и други;
- Високо квалификувана работна сила и е една од најконкурентните земји во ЈИЕ во однос на трошоци за работна сила во Европа;
- Отвореност на Владата за инвеститори и
- Членка на НАТО и земја кандидат за ЕУ.
БРЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА КОМПАНИИ Едношалтерски систем за регистрација на компанија во рок од 4 часа