ЧПП извоз

Често поставувани прашања за извозот

  1. 1
    Дали Агенцијата за странски инвестиции и ромоција на извозот учествува на меѓународни саеми?

    Да. Агенцијата организира учество на меѓународни саеми и други трговски и деловни настани.

  2. 2
    Дали Агенцијата соработува со други деловни здруженија, кластери и комори за време на нивната подготовка за учество на деловни настани и саеми?

    За успешна реализација на извозните промотивни активности, Агенцијата соработува со деловната заедница (комори, здруженија, кластери и компании и СИППО - Швајцарска агенција за поддршка на извозот).

  3. 3
    Кои се главните активности за промоција на извозот што ги спроведува Агенцијата?

    Организирање учество на меѓународни саеми и други деловни настани;

    • Организирање состаноци и обуки за компании;
    • Подготвување извештаи за пазарот, како и
    • Обезбедување податоци за индустриите што се важни за економијата на Република Северна Македонија.
  4. 4
    Кои целни сектори ги поддржува Агенцијата?

    Агенцијата е фокусирана на четирите целни сектори кои придонесуваат најмногу за зголемување на извозот на земјата:

    • текстилна индустрија;
    • метална индустрија, прецизна механика и автомобилски делови;
    • Агробизнис и индустрија за преработка на храна и
    • ИКТ.
  5. 5
    Законски регулативи и стратегии:

    Закон за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 57/10, 36/11, 41/14 и 64/18),

    • Индустриска стратегија на Република Северна Македонија 2018-2027 година и
    • Стратегија за извоз (во фаза на изработка).
  6. 6
    Дали Агенцијата организира обуки за компаниите што изложуваат на национален штанд?

    Да. Агенцијата организира обуки со специфични експерти во индустријата. Организираме и посети на производствените капацитети на компаниите.

  7. 7
    Кој модел на саемско претставување го применува Агенцијата?

    Агенцијата го поддржува моделот на заедничко претставување на меѓународни саеми преку концептот на национален штанд. Изложувачите настапуваат под брендот Invest North Macedonia.

  8. 8
    Први чекори за извоз

    Со цел малите и средни претпријатија да научат за европскиот и светскиот пазар, треба да се фокусираат на општите принципи на извоз што компаниите треба да ги користат и се разбира, да развијат сопствена извозна стратегија прилагодена на малите и средните претпријатија.

  9. 9
    Дали извозот носи придобивки за домашните компании?

    Извозот носи многу предности. Најважните од нив се:

    • зголемена продажба,
    • конкурентност на повеќе пазари,
    • поголем профит и
    • намален ризик да бидат присутни на само еден пазар.

    Извозот Ви помага да изградите глобална конкурентност, како и поголема репутација на домашниот пазар.

  10. 10
    Како може компанија да аплицира за саем?
    • Агенцијата објавува јавен повик. Компанијата која е заинтересирана да стане ко-изложувач на одреден саем треба да пополни формулар за апликација што е дел од јавниот повик и да ги исполни потребните критериуми за избор на повикот.