
Добредојдовте во Invest North Macedonia
Invest North Macedonia е официјалната владина агенција, основана во 2005 година, со цел да привлекува странски директни инвестиции и да го промовира извозниот потенцијал на Република Северна Македонија.
Нашата мисија е да овозможиме и поддржиме нови странски инвестиции, да поттикнеме соработка помеѓу странските инвеститори и локалните добавувачи, како и да им помогнеме на македонските компании да го зајакнат своето присуство на меѓународните пазари.
Ние сме ваш сигурен партнер во текот на целиот процес на инвестирање – од првичната комуникација до целосната реализација на проектот. Нудиме персонализирана поддршка, организираме програми за посета според вашите потреби и обезбедуваме објективни и базирани на податоци евалуации за потенцијалот на вашиот проект. Воедно, вршиме споредбена анализа со можностите во соседните земји и помагаме во идентификација и поврзување со соодветни локални партнери.
Преку нашата Aftercare програма, продолжуваме да ве поддржуваме и по реализирањето на инвестицијата. Воспоставуваме комуникација со релевантни институции, помагаме при добивање на сите неопходни дозволи и документи и се грижиме за непречено функционирање и долгорочен успех на вашата инвестиција во Северна Македонија.
Invest North Macedonia ги разбира динамичните потреби на современите компании и е посветена на континуирана поддршка и одржување на поволна деловна клима што овозможува стабилен и одржлив раст.
Владата на Република Северна Македонија е целосно посветена на економски развој, технолошки напредок и зголемување на глобалната конкурентност. Применува широк спектар на политики и стимулации за поттикнување инвестиции и отворање нови деловни можности.
Вашите деловни цели се наш најголем приоритет!