Корисникот на финансиската поддршка кој ги исполнил условите утврдени со склучениот договор за доделување на финансиска поддршка, доставува Барање за исплата на финансиска поддршка со потребната документација до Министерството за економија и труд, најдоцна до 31 август во тековната година, за реализираните оправдани инвестициски трошоци во претходната година.
Министерството за економија и труд го разгледува доставеното барање и приложената документација и доколку утврди дека се исполнети условите за користење на финансиска поддршка согласно Законот и договорот, изготвува извештај со пресметка на одобрената финансиска поддршка врз основа на кој се врши исплата.
Кон Барањето за исплата на финансиска поддршка се доставува следната документација:
- Годишна сметка и финансиски извештаи за последните четири години, или за пократок период во зависност од датумот на основање и започнување со дејност на деловниот субјект;
- Потврда од Централниот регистар на Република Северна Македонија дека над деловниот субјект не е отворена стечајна постапка;
- Потврда од Централниот регистар на Република Северна Македонија дека над деловниот субјект не е отворена постапка за ликвидација;
- Потврда од Царинската управа дека корисникот нема неплатен долг по основ на царина и други увозни давачки;
- Уверение од Управата за јавни приходи дека корисникот нема достасани неподмирени даночни обврски;
- Бруто биланс со состојба на крајот од претходната година;
- Бруто биланс со состојба на крајот од претходниот месец (или месецот пред тоа) во месецот во кој се поднесува барањето за исплата;
- Список на основни средства со набавна и амортизирана вредност со состојба на крајот од претходната година;
- Список на основни средства со набавна и амортизирана вредност со состојба на крајот од претходниот месец (или месецот пред тоа) во месецот во кој се поднесува барањето за исплата;
- Нотарски заверена изјава од застапникот по закон на корисникот, под полна материјална, кривична и морална одговорност, дека приложената документација и податоците во барањето се точни, вистинити и веродостојни и дека за оправданите трошоци не е доделена државна помош по друг основ во Република Северна Македонија.
Напомена:
Сите доставени документи треба да бидат не постари од 60 дена од денот на поднесување на барањето, освен документите за кои поинаку е утврдено со закон или подзаконски акт.
Правилник за формата и содржината на барањето за ислата на финансиска поддршка, потребната документација, видовите на оправдани инвестициски трошоци и начинот на спроведување на исплатата на финансиска поддршка “Службен весник на Република Северна Македонија бр.251/2021”
Барање за исплата на финансиска поддршка
Табели за исплата