Како да аплицираш

Процедура за аплицирање

Барањето за доделување на финансиска поддршка за инвестиции се поднесува до Министерството за економија и труд на Република Северна Македонија, најдоцна до 31 мај во тековната година, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

Кон барањето се доставува деловен план за инвестицискиот проект и финансиски извештаи за последните четири години, или за пократок период во зависност од датумот на основањe на деловниот субјект.

Барање за доделување на финансиска поддршка

Правилник за формата и содржината на барањето за доделување на финансиска поддршка и потребната документација

Правилник за изменување на Правилникот за формата и содржината на барањето за доделување на финансиска поддршка и потребната документација

Кон барањето за доделување на финансиска поддршка, барателот доставува:

  1. Тековна состојба за деловниот субјект
  2. Потврда дека над деловниот субјект не е отворена стечајна постапка
  3. Потврда дека над деловниот субјект не е отворена ликвидациона постапка
  4. Потврда од Царинската управа за платени обврски
  5. Потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци
  6. Годишни сметки за последните четири години
  7. Нотарски заверена изјава за веродостојност на податоците во барањето
  8. Извод од Централниот депозитар за хартии од вредност, за подносители согласно член 33 од Законот
  9. Копија од акционерска книга, за подносители согласно член 33 од Законот
  10. Потврда од надлежен орган на странска држава, за подносители согласно член 33 од Законот

Напомена:
Сите документи доставени кон барањето треба да бидат не постари од 60 дена до денот на поднесување на барањето.

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email
Share on print
    Cart