Северна Македонија има воспоставено широка мрежа на билатерални договори за поттикнување и заштита на инвестициите со голем број земји: Албанија, Австрија, Азербејџан, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Белорусија, Виетнам, Германија, Данска, Индија, Италија, Иран, Кина, Казахстан, Кореја, Косово, Кувајт, Луксембург, Литванија, Малезија, Мароко, Полска, Романија, Русија, Србија, Словенија, Словачка, Турција, Украина, Унгарија, Финска, Франција, Холандија, Хрватска, Црна Гора, Чешка, Шпанија, Шведска и Швајцарија, со што се обезбедува правна сигурност, фер и правичен третман на инвеститорите, заштита од експропријација и слободен трансфер на капитал и профит, при што дел од овие договори со земјите членки на Европска Унија постепено се усогласуваат со европското законодавство.
Дополнително, Северна Македонија има потпишано договори за избегнување на двојно оданочување со повеќе од 40 држави, меѓу кои Австрија, Албанија, Белгија, Белорусија, Бугарија, Велика Британија, Германија, Данска, Египет, Естонија, Иран, Ирска, Италија, Катар, Кина, Косово, Кувајт, Летонија, Литванија, Мароко, Молдавија, Норвешка, Полска, Романија, Русија, Словачка, Словенија, Тајван, Турција, Украина, Унгарија, Финска, Франција, Холандија, Хрватска, Чешка, Швајцарија, Шведска, Шпанија, Србија и Црна Гора, со што се намалува даночниот товар и се зголемува предвидливоста за инвеститорите, а мрежата континуирано се проширува.
Меѓународните извори на македонскиот арбитражен систем вклучуваат билатерални и мултилатерални конвенции, кои државата ги има потпишано или наследено врз основа на сукцесија, при што Република Северна Македонија ги има ратификувано:
- Њујоршката конвенција за признавање и извршување на странски арбитражни одлуки,
- Женевската конвенција,
- Вашингтонската конвенција за решавање на инвестициски спорови и
- Европската конвенција за меѓународна трговска арбитража и е членка на International Center for Settlement of Investment Disputes, што обезбедува дополнителна правна сигурност, при што согласно националното законодавство ратификуваните меѓународни договори имаат предност пред домашното право.