Република Северна Македонија има потпишано:
Договори за заштита на инвестициите со следниве земји: Албанија, Австрија, Азербејџан, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Белорусија, Виетнам, Германија, Данска, Индија, Италија, Иран, Кина, Казахстан, Кореја, Косово, Кувајт, Луксембург, Литванија, Малезија, Мароко, Полска, Романија, Русија, Србија, Словенија, Словачка, Турција, Украина, Унгарија, Финска, Франција, Холандија, Хрватска, Црна Гора, Чешка, Шпанија, Шведска, Швајцарија.
Договори за избегнување на двојно оданочување со следниве земји: Австрија, Албанија, Белгија, Белорусија, Бугарија, Велика Британија, Германија, Данска, Египет, Естонија, Иран, Ирска, Италија, Катар, Кина, Косово, Кувајт, Летонија, Литванија, Мароко, Молдавија, Норвешка, Полска, Романија, Русија, Словачка, Словенија, Тајван, Турција, Украина, Унгарија, Финска, Франција, Холандија, Хрватска, Чешка, Швајцарија, Шведска, Шпанија, Србија, Црна Гора.
Меѓународните извори на македонскиот Арбитрарен Закон вклучуваат билатерални и мултилатерални конвенции, кои што Северна Македонија ги има потпишано или наследено од поранешна Југославија врз основа на сукцесија.
Република Северна Македонија ги има ратификувано:
- Њујоршката Конвенција за признавање и извршување на странски арбитражни решенија,
- Женевската Конвенција за извршување на странски арбитражни решенија,
- Вашингтонска Конвенција за решавање на инвестициски спорови меѓу држави и државјани на други држави и
- Европската Kонвенција за меѓународна трговска арбитража.
Врз основа на македонскиот закон, ратификуваните меѓународни договори имаат предност пред домашното законодавство.