Текстилни компании од Северна Македонија на саем во Тирана, Албанија

Tirana 1
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот со свој национален штанд зема учество овогодинешниот саем за текстил и кожа 2022
(www.expocity.al) кој се одржа во Тирана, Албанија.Осум текстилни компании од земјата, производители на облека имаа можност на дводневниот настан за остварување на Б2Б средби со претставници од компании од земјите во регионот, учесници на саемот.
На саемот учество земаа и нашите долгогодишни партнери Текстилниот кластер – ТТА и СИППО.
Директорот на Агенцијата, Беким Емини на свеченото отворање на саемот во своето обраќање ги истакна можностите кои државата ги нуди со посебен акцент на текстилната индустрија која е втор сектор по големина, со вкупен извоз од повеќе од 490 милиони евра во 2021 година.Од особена важност е соработката и меѓусебното помагање помеѓу земјите во регионот за раст и развој на економиите на земјите.
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest