“Standard & Poor’s“ го потврди стабилниот кредитен рејтинг на земјата

IMG-20210222-WA0000

Според Standard & Poor’s македонската економија во 2021 година ќе бележи успешно закрепнување и стабилен економски раст со надминување на шоковите предизвикани од кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата.

Потврден е кредитен рејтинг на земјата BB- со стабилен изглед.

Задржувањето на кредитниот рејтинг е позитивен сигнал за инвеститорите и јасен показател за нивната доверба во политиките кои се водат во земјава.

Во декември 2020 година за прв пат од започнувањето на пандемијата е забележан раст на индустриското производство, што претставува добар показател за постепено заздравување на економијата.

Прогнози за 2021 година:

  • Двигатели на растот: зголемување на извозната активност, јавната потрошувачка и приватната потрошувачка
  • Проекција за растот на економијата изнесува 3,6%
  • Република Северна Македонија е интегрирана во глобалните синџири на добавување, особено во автомобилската индустрија. Опоравувањето на автомобилската индустрија, како и на економиите на нашите најголеми трговски партнери како Германија, ќе придонесат за опоравувањето и на нашата економија
  • Буџетскиот дефицит ќе се намали на 4,9% и согласно владините проекции ќе продолжува постепено да се намалува секоја година. Во таа насока Владата ќе продолжи да ја јакне фискалната рамка, посочувајќи го новиот Закон за буџети кој предвидува воведување на фискални правила и воспоставување на Фискален совет. 
  • Реализацијата на капиталните инвестиции од страна на Владата за период од 2021 до 2024 година во делот на инфраструктурата значително ќе ја подобри инфраструктурата во транспортот, здравството и образованието со инвестиции од 3,2 милијарди евра или речиси 30% од 2021 година проектираното БДП.
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest