Нова инвестиција на Nick’s Balkans

Nick's

Позитивното искуство од работата овде и достапноста на квалификуваната работна сила е причината поради која се одлучиле проширувањето на бизнисот да биде токму тука.

Nick’s Balkans, дел од Шведскиот бренд Nick’s, на денешната средба во Агенцијата, најави проширување на нивната brownfield  инвестиција во R&D и во нов производствен погон во Битола. Инвестицијата е во вредност од 4 милиони евра со која ќе креира  нови 150 работни места. Истата е планирано да се реализира и отпочне со работа до крајот на годината.

Nick’s Balkans е присутна во земјата со производтво на здрави слатки производи од 2017 година, при што целото производство е наменето за извоз.Во постоечкиот производствен капацитет во Битола има 60 вработени и е корисник  на Владината „Програма за финансиска поддршка“.

Агенцијата продолжува со оддржување на контактите и грижата за инвеститорите и по инвестирањето во насока на заедничка корист, раст и развој на компаниите како и на македонската економија.

Повеќе информации за компанијата на следниот линк: https://nicks.se

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest