Исплатени рекордни 45 милиони евра државна поддршка на домашните компании

slika 5

Директорот на Агенцијата, Беким Емини присуствуваше на прес конференцијата на Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи за овогодинешната исплата на државна помош за инвестиции кон компаниите.

„Поставувањето на Планот за економски раст во 2017 година и неговата реализација и успех во овие 5 години, потврдува дека оваа Влада го знае вистинскиот пат за економски раст и развој на домашната економија. Само во оваа година се поддржани 645 компании по Планот за економски раст, односно Законот за финансиска поддршка на инвестиции и Фондот за иновации и технолошки развој, како и Законот за контрола на државна помош.

И оваа година продолжуваме со силна поддршка кон компаниите за инвестиции кои ја зголемуваат нивната конкурентност преку нови производствени процеси, воведување на нови технологии и креирање на подобро платени работни места.

Поддршката, довербата и партнерскиот однос од година во година расте, што го покажува и бројот на потпишани договори со компании.

Од 2017 до оваа 2022 година, имаме потпишани 630 договори, од кои во моментов се активни 546, додека 84 се завршени договори по различни основи. Односно, од нив, 69 договори, односно компании ги завршиле инвестициските циклуси, додека 15 компании побарале спогодбено раскинување на потпишаните договори.

Во 2022 година, потпишани се нови 277 договори, убедливо најголема бројка од носењето на законот.

Ова се само неколку факти што го потврдуваат позитивниот тренд на раст на компаниите и зголемување на нивната конкурентност, но истовремено клучен фактор, зголемување на довербата на приватниот сектор во партнерскиот однос со државата.

Оваа година, како што можете да видите и на екранот зад мене, имаме рекордна исплата од 23 милиони евра, како и рекорден број на поддржани компании, 410 по Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Бројот на компании како и буџетот за поддршка расте од година во година, од 2017 кога и започнавме со оваа програма. Само споредено со минатата година, оваа година имаме зголемување од 79% проценти на исплатена финансиска поддршка од 12,9 милиони на 23 милиони евра. Останатите зголемувања можете да ги видите на графиконот зад мене.

Оваа година пристигнаа 436 барања за исплати од компании од кои 410 ги исполнуваат условите и на кои им е одобрена финансиска поддршка за инвестиции според Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Овие компании во 2021 година реализирале инвестиции од 100 милиони евра и за истите им е одобрена државна помош од 23 милиони евра.


Вака партнерски ги поддржуваме компании за зголемување на нивната конкурентност, преку воведување на нови технологии, нови производствени процеси и целокупен развој и секако креирање на нови и подобро платени работни места. Овие компании во претходната 2021 година имаат отворено нови 2000 работни места, а вкупно вработуваат 27.431 вработени.” – изјави на денешната прес конференција вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Повеќе информации на слендиот линк: https://vlada.mk/node/31586

 

 

 

 

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest