Дигитализацијата како одговор на актуелната криза

IMG-20221213-WA0020 (002)

На отварањето на денешниот настан “Дигитализацијата како одговор на актуелната криза”  во организација на МАСИТ, а со поддршка на Invest Invest North Macedonia  директорот на Агенцијата, Беким Емини имаше воведно обраќање пред присутните преставници од домашните и странските ИКТ компании, компании од сите индустрии кои користат ИКТ решенија, преставници од државни институции и министерства, како и еминентни претставници од универзитетите од ИТ секторот од земјата.

Влијанието на процесот на дигитализација во време на актуелна криза, презентирање на актуелни теми, трендови и решенија кои се достапни на пазарот од страна на ИКТ компаниите, споделување на искуства и добри практики од земјата и регионот од страна на еминентни експерти од ИТ секторот беа опфатени на трите панел дискусии во рамки на настанот.

ИКТ секторот во рамките на работењето на Агенцијата го зазема местото на приоритетен сектор, во таа насока Агенцијата ќе продолжи и во иднина да дава поддршка на растот и развојот на индустријата.

 

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest