Нова инвестиција на „Леар“ и „Нормак Инвестмент Груп“

Zoran zaev lear

Директорот на Агенцијата, Дејан Павлески како дел од владиниот тим предводен од Претседателот на Владата, Зоран Заев присуствуваше на поставување на камен темелник на новата заедничка инвестиција на  Американската компанија „Леар“ и „Нормак Инвестмент Груп“, во ТИРЗ Тетово. Се работи за втор инвестициски циклус кој изнесува 15 милиони евра и ќе отвори на нови 1000 до 1200 работни места.

На свечениот настан присуствуваше и претседателот на бордот на директори на „Нормак Инвестмент Груп“.

Во веќе постојниот прв производствен погон на фабриката „Леар“ во ТИРЗ Тетово, се произведуваат навлаки за седишта и сродни производи за автомобили и се креираат производи со повисока додадена вредност. Целото производство е наменето за извоз.

“ До ноември 2021 очекувам да биде завршена втората фаза и тоа ќе значи нови 1.000 до 1.200 работни места. Ја разгледавме постојаната фабрика, има врвна технологија за сечење кожа и платно. Креираат производи со повисока додадена вредност, а се подобрува и пристапот до финансиските пазари на капитал. Компанијата за време на Ковид пандемијата целосно функционираше, произведуваше и извезуваше”, истакна Претседателот на Владата, Зоран Заев.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest