Invest North Macedonia ги поддржува домашните извозно – ориентирани компании во промовирање производи и услуги преку учество на саеми и организирање на Б2Б состаноци.
Учеството на саемот за секоја компанија носи бројни предности:
- Бизнис состаноци со насочени потенцијални деловни партнери (деловни лидери);
- Едукација за најновите трендови во индустријата, но и директни средби со потенцијални купувачи;
- Можност за воспоставување нови партнерства;
- Позиционирање на целна компанија во меѓународното деловно опкружување со влегување во нови пазарии
- Зајакнување на корпоративното присуство на постојните пазари.
Invest North Macedonia го поддржува моделот на заедничко учество на меѓународни саеми преку концептот на национален штанд и заедно со компаниите работиме на изнаоѓање решение за дизајнот, изгледот, квалитетот и локацијата на штандот, како и развојот на промотивни материјали и каталози.
Избраните домашни изложувачи настапуваат под брендот Invest North Macedonia, но ја имаме предвид видливоста на корпоративниот идентитет на компаниите на националниот штанд.
За успешна реализација на процесот на учество на национален штанд, Invest North Macedonia соработува со деловната заедница (комори, здруженија, кластери и компании и СИППО – Швајцарска агенција за поддршка на извоз) преку организирање соодветни обуки со специфични експерти од индустријата, како и посети на производствени капацитети.