САЕМ ЗА РАБОТНА ОБЛЕКА А+А Дизелдорф, Германија од 24.10.2023 до 27.10.2023 година
Пријава за учество на саемот може да се поднесе најдоцна до 14.08.2023 година во архивата на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија или на следната е-маил адреса: export@invest.gov.mk.
Компаниите кои се заинтересирани да учествуваат на саемот, треба да го пријават своето учество со достава на бараните документи, како и со пополнување на апликација. Своето учество на саемот го финансираат компаниите со котизација во висина од 6.000 евра од кои до 50% (базирано на калкулација на реални трошоци) ќе бидат рефундирани на секоја компанија по завршување на саемот.
Критериуми за учество на саем:
- Компанијата да ги има подмирено сите даноци кон државата;
- Да нема поведено постапка за стечај и ликвидација;
- Претставниците од компанијата кои ќе учествуваат на саемот да имаат одлично познавање на англиски јазик;
- Во последните две години компанијата да има извоз минумум на еден странски пазар;
- Компанијата да има сопствена веб страна која редовно се ажурира со податоци.