
Invest North Macedonia во периодот од 24 – 27 октомври, 2023 ќе земе учество со национален штанд на саемот А + А, во Дизелдорф, Германија.
Шест домашни компании – производители на работна и корпоративна облека (заштитна облека и заштитни маски), ќе имаат можност да бидат дел од националното изложување.
Учеството на саемот ќе биде организирано со поддршка од USAID EGDGE – Economic Development, Governance and Enterprise growth како и Текстилно Трговско Здружение – Текстилниот Кластер на Република Северна Македонија и Швајцарската програма за поддршка на извозот – SIPPO.
А + А е најголемиот и најважен настан во светот кога станува збор за безбедноста и здравјето при работа, a учеството на голем број интернационални изложувачи и посетители само го рефлектира светскиот интерес во оваа значајна област. Главни теми на саемот се: безбедност при работа, сигурност при работа, заштита на здравјето на работа/корпоративно здравје, заштита од пожари/управување со катастрофи и корпоративна мода.
Повеќе информации за саемот https://www.aplusa-online.com/
Апликација pdf.
Апликација word.