Можностите за инвестирање презентирани пред бизнис заедница од Турција

317254766_2306182092875474_3206807706320175794_n
Десетина бизнисмени и инвеститори од бизнис асоцијацијата Румелисијад од Бурса , Република Турција, денеска, остварија средба со вицепремиерот Фатмир Битиќи и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Беким Емини.
На средбата гостите беа запознати со инвестициските можности на земјата како и со поволностите кои ги нудат мерките за поддршка на инвестициите, а одговорени беа и повеќе нивни прашања и дилеми за инвестиции од повеќе сектори.
Во земјата успешно работат десетици турски компании и по денешната средба и пројавениот конкретен интерес за очекување е дека ќе има и нови, продолжувајќи ги традиционално добрите економски и политички односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Турција.
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest