Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија (AHK Nordmazedonien) е домаќин на Suppliers Balkan Expo 2022-SUBEX, кој ќе се одржи на 15-ти и 16-ти ноември со изложбен дел, панел дискусии и Б2Б состаноци во Хотел Хилтон во Скопје.
Во рамки на дводневниот настан Invest North Macedonia ќе земе учество со сопствен штанд – изложбен простор на кој ќе бидат претставени неколку компании од земјата.
Директорот на Агенцијата, Беким Емини на првиот ден на отварањето на SUBEX_Supplier Balkan Expo ќе има воведно обраќање. Панелисти на Subex 2022
Овој дводневен настан е наменет за компании од металната, електро, ИТ, текстилна , дрвна и прехранбена индустрија.
Целта на настанот е поврзување на германските компании производители со компаниите добавувачи од регионот, како и претставување потенцијалот на компаниите од Северна Македонија како сериозен пазар на добавувачи.
За подетални информации https://subex-b2b.com/