Директорот на Агенцијата Беким Емини оствари состанок со основачот на белгиската компанија ABEE, Prof. Noshin Omar https://abeegroup.com/
ABBE како потенцијален странски инвеститор гo претстави своjот повеќе годишен бизнис план за инвестирање во нашата земја со инвестиција во Battery management system (BMS) and Power Electronics Systems и вработување на повеќе од 70 луѓе во првата година, како и отворање на посебен Research & Development центар за своите потреби и ангажирање на високо квалификуван кадар за индустриско истражување.
![](https://investnorthmacedonia.gov.mk/stored/2023/01/slika-2-300x200.jpg)
На состанокот беше потенцирано дека иницијална инвестиција неколкукратно ќе се зголеми од наредниот период, имајќи во предвид дека побарувачката за овој вид на производи рапидно ќе расте.
![](https://investnorthmacedonia.gov.mk/stored/2023/01/slika-3-300x200.jpg)
На средбата беа допрецизирани можностите за инвестирање во Северна Македонија, можните локации, како и претставени беа погодностите кои ги нуди Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Компанијата веќе ја најави инвестицијата на нивната официјална веб страна.