Политиките на Владата со фокус на енергетика, инфраструктура и поддршка на високо квалитетни инвестиции клучни за економскиот развој

Zaev 2

Во рамки на Виенскиот Економски Форум, Претседателот на Владата, Зоран Заев во своето обраќање ги посочи клучните проекти за остварување на економски развој со фокус на енергетика, инфраструктура, гасификација кои се дел од Единствениот список на проекти усвоени од Владата на Република Северна Македонија, како приоритетни за искористување на предвидените средства од Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан.

Станува збор за вкупно седум апликации, две за техничка помош и пет за грантови за инвестиции.

Двата проекти за техничка помош се гасната врска помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија како и спроведување на енергетска ефикасност на јавните институции. Останатите пет проекти се доставени за искористување на грантови како приоритетните од Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан.

Станува збор за проектирање и изградба на станица за третман на отпадни води во град Скопје во вредност од 71,3 милиони евра. Понатаму за изградба на дел од железничкиот коридор 8, Крива Паланка – Деве Баир, за изградба на 23,4 км од третата делница од Крива Паланка до границата со Република Бугарија и за електрификација за првата и втората делница.

Следно е воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив регионален систем за отпад за Полошкиот регион, со цел да се исполнат пропишаните стандарди и регулативите на ЕУ за депониите. Четвртиот Проект e за соларен фотоволтаик Битола 1 од 20MW, вклучувајќи набавка и инсталација на дополнителни 10MW наменети за Осломеј 2, а петтиот е за набавка и инсталација на фотоволтаик од 10MW за Осломеј 1 како продолжение на заложбите за премин на нашиот енергетски сектор кон обновливи извори на енергија“, рече Заев.

Повеќе информации на следниот линк: https://vlada.mk/node/25311

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest