Каква е улогата на Агенцијата во поддршката на македонските текстилни компании?
За прв пат со поддршка на Агенцијата шест домашни компании од текстилната индустрија: „Златекс“, „Еуросолид“, „Евроџинс“, „Ларс“, „Албатрос“, и „Текстил солушнс“ во октомври оваа година учествуваа на А+А саемот за безбедност, заштита и здравје при работа во Дизелдорф, Германија. Учеството на саемот беше поддржано и од Швајцарската програма за поддршка на извозот (SIPPO) и Текстилниот кластер.
„Околу 60 компании од текстилниот сектор ги користат бенефициите на Законот за финансиска поддршка на инвестиции за нови капитални инвестиции, изградба на нови хали и објекти. Новина во Законот од оваа година е тоа што овозможивме инсталации на фотоволтаици со цел производство на електрична енергија од сопствени извори. Така што, бенефициите се тука и компаниите ги препознаваат” истакна директорот Дејан Павлески во интервјуто за 360stepeni
Долгорочно, македонските текстилци треба на работењето да му дадат целосно свој „печат“.
„Размислуваме во насока како да креираме еден национален бренд којшто со поголем капацитет ќе може да настапи со сопствена, брендирана облека, не само кај нас, нашиот пазар е мал, туку да пробаме да настапиме на некој од поголемите, пред сè европски пазари. Второ, треба да ја искористиме можноста за онлајн продажба што е се повеќе актуелна, особено во текстилниот сектор“, додава Павлески.
Повеќе информации на следниот линк: https://bit.ly/32VCoqn