Полско – Македонски бизнис форум

1

Енергетиката, рударството, туризмот, земјоделството и екологијата се областите во кои постои голем потенцијал за интензивирање на економската соработка меѓу Полска и Северна Македонија. Двете земји немаат отворени прашања, а нивните добрите политички релации се одлична основа за јакнење на деловните односи, беше заклучено на Македонско-полскиот бизнис форум.

Форумот го отворија претседателите на двете земји, Стево Пендаровски и Анджеј Дуда, а беше потпишан и Меморандум за разбирање чија цел е јакнење на бизнис соработката и поттикнување на инвестициите.

-Со Полска и полскиот народ имаме традиционално добри односи, а меѓу двете земји нема отворени прашања, туку само отворени можности. Не смееме да чекаме подобри времиња за да ја почнеме соработката. Подобрите времиња ќе дојдат само ако час поскоро почнеме да соработуваме, рече Пендаровски во обраќањето.

Тој апелира стопанствениците да го искористат потпишувањето на Меморандумот и да се фокусираат на остварување на неговите цели.

-Ме радува што некои важни полски компании веќе се пробиваат на македонскиот пазар. Денеска ќе направиме уште еден значаен чекор во таа насока. Меморандумот за разбирање ќе овозможи зголемена динамиката во соработката. Очекувам бизнис заедниците на двете држави да ја искористат оваа можност, истакна шефот на државата.

Шефот на државата се осврна и на поволностите. Подвлече дека освен Договор за одбегнување на двојното оданочување, имаме и Договор за заемна заштита на инвестициите. Стопанската комора на Северна Македонија и Полската стопанска комора негуваат долгогодишна формална соработка. Од 2018 година е воспоставена и редовна авио-линија меѓу Скопје и Варшава, а има и чартер летови од Варшава и Катовице до Охрид.

И претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда рече дека Северна Македонија нуди одлични можности за инвестирање, а потенцијалот за интензивирање на соработката меѓу двете земји е голем. Тоа го потврдува растот на размената последниве години, посебно лани, во екот на КОВИД-кризата, кога многу од билатералните соработки, како што укажа Дуда, или се намалувале или дури и сосема прекинувале.

-Ме радува квалитетот на економските односи. Нашата размена расте, но гледам голем потенцијал за јакнење на соработката. Размената лани беше 397 милиони евра што е 5,3 отсто повеќе од 2019 година. Тоа укажува на големиот потенцијал во нашите релации и би било штета да не го искористиме, рече полскиот претседател. Тој рече и дека македонската економија е најконкурентна во регионот.

Економијата на Северна Македонија е совршено место за странски инвестици со оглед на олеснувањата и големата поддршка. Програмата за поддршка на инвестиции опфаќа директни субвенции, даночни олеснувања и пристап до инфраструктура, нагласи полскиот претседател според кој енергетиката, рударството, туризмот, земјоделството и екологијата се областите во кои постои најголем потенцијал за соработка.

Оценка на Дуда е дека Полска и Северна Македонија се соочуваат со заеднички предизвици посебно во однос на енергетската трансформација, услов што треба да го исполнат и во однос на членството во ЕУ.

Во рамки на бизнис форумот беше потпишан Меморандумот за разбирање меѓу Агенцијата за инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и Полската агенција за инвестиции и трговија. Целта на Меморандумот е јакнење на соработката и поттикнување на инвестициите од двете страни.

Досега немаме значајни полски инвестици. Со овој меморнадум сакаме да ги поттикнеме бизнисите за поголема, но и поизбалансирана размена, со повеќе пласирање наши производи таму, како и да ги поттикнеме компаниите за инвестиции и тука и таму. Нашата трговска размена во последните години е доста зголемена и се одвива на ниво од околу 300 милиони евра годишно, но македонскиот извоз во  однос на полскиот увоз е четири пати помал, рече Павлески.

Досега немаме значајни полски инвестици. Со овој меморнадум сакаме да ги поттикнеме бизнисите за поголема, но и поизбалансирана размена, со повеќе пласирање наши производи таму, како и да ги поттикнеме компаниите за инвестиции и тука и таму. Нашата трговска размена во последните години е доста зголемена и се одвива на ниво од околу 300 милиони евра годишно, но македонскиот извоз во  однос на полскиот увоз е четири пати помал, рече Павлески.

Сакаме да работиме заедно за поголема конкурентност на регионот зашто денес глобалниот пазар е тешко да се привлече. Бараме некој вид синергија и сигурен сме дека заедно ќе успееме. Нашата трговија од 2015 година се зголеми за повеќе од четири пати што е многу важно и импресивно. Сакаме да седнеме заедно на маса и да видиме што можеме да направиме за нашиот регион, за полската и за македонската економија”, изјави првиот човек на Полската агенција за инвестиции Кшиштоф Дринда.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest