Информатичка и комуникациска технологија

ИКТ

ИКТ индустријата бележи раст од 71% во последните три години. Секторот располага со квалификувана, достапна и ефективна работна сила со одлични познавање на англиски јазик, солидна телекомуникациска инфраструктура, низок данок, квалитетен софтвер и ИТ услуги, супериорно техничко и деловно знаење по конкурентни цени.ИКТ индустријата има огромен потенцијал во растот и развојот на македонската економија, а повеќето компании специјализирани во рамки на “Софтверот и ИТ услугите” главно се извозно-ориентирани компании и имаат значителна додадена вредност.

Во 2022 година нето-извозот е зголемен за 42% во однос на 2021 година, поткрепено со фактот дека повеќето од новоотворените економски активни компании се насочени кон странските пазари.

Многу големи ИКТ компании, како што се Microsoft, Cisco, Oracle, Dell, Compaq, Hewlett Packard, IBM, Sun Microsystems, Apple и Lotus, се присутни во земјата преку експозитури, дистрибутери, дилери, препродавачи, даватели на решенија и деловни активности партнери.

*Извор: МАСИТ https://masit.org.mk/

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email
Share on print