Заев – Бесими: Планот за забрзан економски раст е продолжение на успешните политики за достигнување раст на БДП над 5%, 12 милијарди евра инвестиции и 156.000 нови работни места

1

Директорот Дејан Павлески како дел од економскиот тим на Владата присуствуваше на прес конференцијата на која Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за финансии, Фатмир Бесими го претставија Планот за забрзан економски раст за периодот 2022-2026 година што денеска го усвои Владата.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими денеска го претставија Планот за забрзан економски раст за периодот 2022-2026 година што денеска го усвои Владата.

“Клучна цел е креирање нови работни места и поттикнување на растот на економијата во нашата земја, со нови инвестиции, со 5% раст на Бруто домашниот производ и со одржување на стабилен јавен долг.Планот инклузивно и длабински изработен во комуникација со меѓународните финансиски институции, партнери, комори, експерти. 

Планот за забрзан раст има три основни цели:

1.            Првата цел е зголемени инвестиции  во јавниот и приватниот сектор. Предвидени се јавни инвестиции во износ од 4 милијарди евра во следните пет години и мобилизирање на дополнителни 8 милијарди евра инвестиции од приватниот сектор.

2.           Втората цел е забрзан раст, односно зголемување на просечната стапка на економски раст од 2,5% , колку што изнесуваше во изминатите 10 години на 5% просечно годишно во следните 5 години како таргет кој сакаме да го постигнеме.

3.            Третата цел е обезбедување фискална консолидација, односно намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг.

Во однос на првата цел, планот нуди иновативен пристап до капитал за финансирање за забрзување на економскиот раст, пристап кој успешно функционира во Европската Унија. Покрај планираните јавни инвестиции во износ од 4 милијарди евра за периодот 2022-2026 година, финансирани од буџетот, со ИПА фондовите и со меѓународните финансиски институции, ќе се мобилизираат повеќе средства и инвестиции од страна на приватниот сектор.

Планот за забрзан економски раст ќе поддржи инвестициски проекти во јавниот и приватниот сектор, кои ќе значат подобрување на конкурентноста на економијата и подобрување на квалитетот на животот, а ќе се концентрирани во повеќе приоритетни области како зелената економија, дигитализација, иновации и технолошки развој, развој на физичка инфраструктура и човечки капитал, како и социјална кохезија.

Меѓународните развојни партнери, ќе помогнат со финансиска поддршка и техничка помош за севкупна успешна реализација. Во таа насока Планот е комплементарен и усогласен со останатите стратешки документи на Владата, како и со Буџетот за 2022 година, кој е во завршна фаза на подготовка.

Она што сакам да напоменам е дека од особена важност се капиталните инвестиции, неопходни за економскиот развој, а кои се реализираат и во услови на пандемија континуирано, односно не запреа. За таа цел во функција е КАПЕФ механизмот, со кој се предвидува наградување на буџетските корисници со висок степен на извршување на капиталните расходи. Проценките се дека тој може да генерира дополнителни 1,5 милијарда евра капитални расходи во периодот 2022-2026 година.

Од почетокот на годината до 22 октомври, реализацијата на капиталните инвестиции изнесува 14, 2 милијарди денари и е за 57,4 проценти повисока од истиот период минатата година.

Втора цел на Планот за забрзан економски раст е зголемување на просечната стапка на економски раст од просекот во изминатите 10 години од 2,5% на 5% просечно годишно во следните 5 години.

Оваа цел веќе почнува да се реализира, а самиот раст на Бруто-домашниот производ од 5,6 проценти во првото полугодие оваа година, односно 13,1 проценти само во вториот квартал од оваа година е потврда дека економијата се враќа на патеките на брзиот раст.

Неодамна и Светската банка ја зголеми прогнозата за растот на БДП на Северна Македонија во 2021 година, од 3,6 на 4,6 проценти, што ги надминува дури и нашите проценки за раст од 4,1 проценти.

Активноста на приватниот сектор ќе се зголеми,  преку воведувањето нови начини за пристап до капитал, инструменти, фондови и извори на финансирање со кои се мобилизираат неколкукратно повеќе средства и инвестиции токму од приватниот сектор. Со тоа, се делува на зголемување на вкупните инвестиции, на забрзан растот на бруто-домашниот производ и ќе се забрза отворањето  нови работни места.

Невработеноста сега е на ниво од 15,9 %, што е најниско ниво во поновата македонска историја.

Согласно Планот, со растот на инвестициите, стапката на вработување се предвидува да се зголеми на 54,3% во 2026 година, а стапката на невработеност за првпат да влезе во едноцифрена зона до 2026 година од 8,6 %.

Третата цел е обезбедување фискална консолидација, односно намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг.

Поволните макроекономски случувања ќе ги подобрат јавните финансии, што ќе доведе до фискална одржливост, со намалување на јавниот и јавно гарантираниот долг под 60% од БДП во 2026 година.

Овој план ќе ја зацврсти констатацијата дека Северна Македонија е земја со предвидливи услови и клима за инвеститорите, бидејќи ги содржи основните аспекти кои се од примарна важност за домашните и странските инвеститори.” истакна на денешната прес конференција Претседателот на Владата, Зоран Заев.

План за забрзан економски раст 2022-2026

Повеќе информации на следниот линк::https://bit.ly/3jE0KKY

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest