Директорот Газменд Абдија учесник на Annual Investment Meeting во Абу Даби, OAE

Abu Dhabi 1

Директорот на Invest North Macedonia Газменд Абдија  од 8-ми до 10-ти мај учестуваше на Годишниот инвестициски состанок (AIM) во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати.Во рамки на конференцијата беше придружуван од Бекри Ајдини, економскиот советник на Северна Македонија во Абу Даби. Оваа средба беше драгоцена можност за претставување на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и на инвестициските потенцијали на нашата земја на меѓународна сцена.

AIM е одлична платформа за споделување перспективи, воспоставување нови контакти и истражување на можностите за странски инвестиции. Тимот на Invest North Macedonia имаше можност да се сретне и да разговара со лидери Од различни индустрии, експерти за финансии и успешни инвеститори од целиот свет. Размената на идеи и информации е од исклучително значење и нуди огромна шанса за проширување на деловните хоризонти.

За време на состаноците и панел-дискусиите беа откриени предизвиците и можностите за инвестирање во свет кој брзо се менува.

Разговаравме за иновациите, технологијата, другите иновативни сектори и потенцијалот за раст на инвестициите во нашата земја. Добивме уверување дека Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот во Северна Македонија е подготвена да ги поддржи странските инвеститори заинтересирани да истражуваат и инвестираат на нашиот исклучителен пазар.

 

 

Во рамки на настанот Invest North Macedonia одржa конструктивен состанок со претставници од Стопанската комора на Абу Даби. Оваа средба беше важна можност да се споделат идеи и да се разговара за потенцијалната соработка помеѓу бизнис заедницата на нашата земја и бизнисот во Абу Даби. Нашето учество на AIM ќе помогне да се негуваат нови односи со странски компании и да се зголеми нивото на инвестиции во нашата земја.

Annual Investment Meeting(AIM) е иницијатива на AIM Foundation, независна меѓуародна организација целосно посветена на зајакнување нна светската економија преку зајакнување на ефективни стратегии за промоција и олеснување на можностите за економска продуктивност и проширување. Годишниот инвестициски состанок(AIM) е водечка инвестициска конференција која ги обединува сите инвеститори, претпримемачи и владини сектори од целиот свет. Годишно се одржува во Обединетите Арапски Емирати и служи како платформа за сите сектори да имаат отворена дискусија за најновите инвестициски трендови и можности, размена на идеи и истражување на потенцијални партнерства.Фокусирајќи се на пазарите во развој и растечките технологии, AIM има за цел да ги поттикне иновациите и економскиот раст на глобално ниво.

Повеќе информации на следниот линк:https://aimcongress.com/

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest