Директорот Газменд Абдија се обрати на Годишната конференцијата на МАСИТ под наслов” Градење на дигитални мостови кон нашата заедничка дигитална иднина”

1

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот втора година по ред е официјален партнер и поддржувач на Годишната конференција на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ.

“Со заеднички напори можеме да изградиме силно, отворено, безбедно и демократско општество – во кое идните генерации преку пристапот до интернетот и користење на напредните технологии, ќе обезбедат личен и економски развој, како и градење на транспарентни и одговорни институции кои на граѓаните ќе им обезбедат поквалитетни услуги и ќе ја зголемат довербата во институциите на системот.”– истакна во дел од своето обраќање директорот на Агенцијата, Газменд Абдија.

На конференцијата свое обраќање имаше Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвеститори, Фатмир Битиќи, Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, Претседателката на Собранието на МАСИТ, Анета Пешева, еминентни експерти од земјата и странство.

Фокусот на конференцијата беше ставен на најновите трендови, иновации и практични совети од водечките експерти во индустријата. Со темата “Building Bridges: Towards Our Common Digital Future,” a под мотото #DIGITALUNITED, се испраќа јасна порака за обединување на сите чинители во општеството, кои имаат огромна улога во процесите на дигитализацијата и дигиталната трансформација во земјата.

Во рамки на конференцијата земаа учество над 200 гости од домашни и странски компании, од сите индустрии кои користат ИКТ решенија, преставници од државни институции и министерства, професори и претставници на универзитетите кои образуваат ИКТ кадар. На одржаните интерактивни сесии и панел дискусии беа дискутирани најновите трендови, иновации и беа споделени искуства, како и кои трендови и решенија се достапни на пазарот од страна на ИКТ компаниите и како да се постигне дигитална транформација.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest