Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот официјално стана членка на Светската асоцијација на агенции за промоција на инвестиции – WAIPA

slika WAIPA

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот официјално стана членка на Светската асоцијација на агенции за промоција на инвестиции(WAIPA).

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот официјално стана членка на Светската асоцијација на агенции за промоција на инвестиции(WAIPA).
По тој повод директорот на Агенцијата, Газменд Абдија оствари средба со извршниот директор на WAIPA, Исмаил Ерсахин.На средбата беше разговарано за важноста како да се создаде погодна средина за странските инвеститори, да се намалат бариерите и да се промовираат одржливи инвестициски практики, како и зајакнување на соработката меѓу агенциите за промоција на инвестиции и потенцијални партнерства.
Членството во WAIPA обезбедува:
✔️Пристап до најдобрите практики, истражувања и вредни сознанија и искуства за промоција на инвестициите. Оваа размена на знаење и искуства ќе и овозможи на Агенцијата постојано да се подобрува во својата работа и во услугите кои ги дава на инвесторите.
✔️Јакнење на капацитетите на инситуцијата преку учество на програми и настани за обука, вебинари, конференции и сл.
✔️Можности за соработка и поврзување со агенциите за промоција на инвестиции – членки на WAIPA
✔️Пристап до публикации, најнови истражувања, алатки и сл.
Целта е да се поттикне креирање на деловна средина во која ќе се зголеми довербата на инвеститорите и интересот за инвестирање во земјата што во крајна линија ќе го стимулира економскиот раст на земјата и поттикнување на иновациите, правејќи ја Северна Македонија поконкурентна земја во вкупната глобалната економија.
Членството во WAIPA ја одразува нашата посветеност за создавање на поатрактивна и попријатна средина за бизнисот и инвеститорите од целиот свет.

 

 

 

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest