Интензивирање на активностите на Агенцијата во делот на грижа на корисници – инвеститори

ARC Automotive

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески оствари средба со Директорот на АРЦ Аутомотив Светислав Смилков.

На средбата се разговараше за тековното работење и предизвиците во овој период на Ковид криза со кои се соочува компанијата, а беше претставена иницијативата на Агенцијата за креирање на едно системско решение за решавање на прашањата кои ја засегаат работата на инвеститорите.

Грижата за веќе присутните инвеститори е еден од нашите приоритети истакна Павлески. Позитивен пример на успешна компанија е АРЦ Аутомотив кои не само што ја реализираа својата најавена почетна инвестиција во земјата туку  сега работат на инсталирање на нова производствена линија.Тоа во крајна линија ќе претставува можност за отварање на нови работни места, задржување на постоечките работници, зголемување на производството, а во крајна линија и раст на извозот од автомобилската индустрија, изјави Директорот на Агенцијата.

Американската компанија ,,АРЦ Аутомотив’’е светски производител кој произведува целосна програма на автомобилски инфлатори за воздушни перничиња за автомобили лоцирана во ТИРЗ Скопје 1. Вкупната реализирана инвестиција е од 15 милиони евра, компанијата во 2021 година работи на инсталирање на нова линија за производство на инфлатори, а со тоа вкупната инвестицијата ќе изнесува над 20 милиони евра. Во моментот во компанијата работат над 400 луѓе. Целото производство на компанијата е наменето за извоз, главно за пазарот во Европа и Америка.

Вкупниот производствен капацитет на компанијата е од 2 до 4 милиони инфлатори годишно.Во 2020 година се произведени вкупно 2.1 милиони инфлатори.

Повеќе информации за компанија на следниот линк: http://www.arcautomotive.com/

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest