Покана за учество на “Полско-Македонски Б2Б настан” кој ќе се одржи на 28.06.2022 година во Варшава, Полска
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија (АСИПИРСМ) со поддршка на економскиот советник за Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, амбасадорот Илија Псалтиров од Амбасадата на РС Македонија во Полска и во соработка со стопанските комори Стопанска комора на РМ (СКМ), Сојуз на стопанска комори (ССК), Стопанска комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ), Македонска асоцијација на преработувачи (МАП), Здружение Вина на Македонија (WOM) и МНР-Директорат за економска дипломатија организира “Полско-Македонски Б2Б настан” кој ќе се одржи во Варшава, Република Полска на 28.06.2022 година.
Во рамките на Б2Б средбите ќе биде организиран мини саем на македонски производи – преработки од овошје и зеленчук, пијалоци, вино и храна и вмрежување каде македонските производители кои ќе се пријават како учесници ќе имаат можност на сопствени штандови да ги презентираат своите производи пред потенцијалните купувачи од Полска, со цел да остварат директни средби со истите.
Транспортните трошоци се на товар на компаниите-учесници на форумот. Сите заинтересирани компании може да достават формулар ЛИНК на е-мејл: export@invest.gov.mk или на тел: +389 2 3169 142 – Сектор за поддршка и унапредување на извозните активности најдоцна до 20-ти Мај, 2022 година.