Invest North Macedonia во периодот од 6-9 ноември, 2024 ќе земе учество со национален штанд на 30th Tirana International Fair, во Тирана, Албанија.
10 (десет) домашни компании ќе имаат можност да ги промовираат своите производи и услуги на овој значаен регионален настан.
Tirana International Fair е еден од најважните саеми за индустрија и трговија во регионот, со повеќе од 30.000 посетители, вклучувајќи професионалци, инвеститори и потенцијални купувачи.
Годинешните учесници ќе бидат компании од Албанија, Италија, Грција, Германија и многу други европски и балкански држави. Саемот е клучен за развојот на економските врски, размена на иновации и напредок на технологиите.
Апликација