12 нови странски инвестиции во услови на Ковид криза

Zaev

За една година во услови на пандемија 12 нови странски директни инвестиции, кои се во фаза на реализација, потпишување на договори или во фаза на преговори истакна Претседателот на Владата, Зоран Заев во своето обраќање на Виенскиот економски форум.

“Во моментов, има 34 капацитети, во сопственост на странски инвеститори од САД, Канада, Народна Република Кина, Германија, Италија, Турција и други земји кои работат во зоните и генерираа приближно 3,3 милијарди евра извоз во 2020 година, што е 47% од извозот на Северна Македонија. Досега овие компании инвестираа приближно 1 милијарда евра. Овој успех е резултат на новиот пристап на Владата за поддршка и промовирање на високо квалитетни инвестиции кои носат поголема додадена вредност во земјата, генерираат солиден профит, со што придонесуваат за буџетот на државата, создаваат стабилни и добро платени работни места и вклучуваат повеќе локални капацитети во синџирите на снабдување“, истакна Заев и додаде дека новиот пристап вклучува едношалтерски сервис, внимателно следејќи ја меѓународната практика за бенефитите на инвеститорите и државата да бидат загарантирани.

Повеќе информации на следниот линк https://vlada.mk/node/25310

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest