Вкупната вредност на извезената стока од Северна Македонија во периодот јануари-ноември 2023 година изнесува 7,7 милијарди евра, што е зголемување од 0,2 отсто во однос на истиот период минатата година. Вредноста на увезената стока во истиот период изнесува 10,2 милијарди евра или за 8,3 % помалку од истиот период лани. Вкупниот трговски дефицит изнесуваше 2,5 милијарди евра.
Најзначајните извезени производи за 2023 година:
• катализатори со благородни метали или соединенија од благородни метали како активна супстанција,
• производи од фероникел, железо и челик,
• облека и препарати од нафта.
Главни извозни партнери: Германија, Србија, Косово, Бугарија и Грција.
Најзначајните увезени производи во 2023 година:
• сурова нафта,
• платина и легури на платина,
• моторни возила и електрична енергија.
Главни увозни партнери: Велика Британија, Германија, Грција, Кина и Србија.
* Извор: Државен завод за статистика, јануари 2024 година