Во рамки на Skopje Economic Forum, директорот на Агенцијата, Дејан Павлески оствари средба со г-дин Јоанис Смирлис, Генерален секретар за меѓународни економски односи од МНР Грција.
На средбата беа разгледани можностите за заеднички проекти и прашања за јакнење на регионалната соработка поврзани со инвестиции и трговска размена. Тие се согласија за превземање на активности меѓу Invest North Macedonia и ENTERPRISE GREECE кои ќе треба да следат во наредниот период како резултат на потпишаниот Меморандум за разбирање на инвестициската и трговската соработка меѓу двете Агенции во месец јануари 2021 година.