Интензивирање на соработката помеѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Советот на странски инвеститори

2

Денеска во Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот се оствари средба помеѓу директорот Дејан Павлески и Претседателот на Советот на странски инвеститори, г-дин Штефан Петер, како и Потпретседател на Стопанската комора д-р. Јелисавета Георгиева – Јовевска и експерт и ISO координатор во комората г-ѓа Емилија Тодоровска. На средбата беа разгледани трендовите во економијата, согледувањата на странските инвеститори за условите за водење на бизнис и улогата и значењето на Агенцијата во помагање на постоечките и привлекување на нови инвеститори.

Заеднички беше констатирано дека е од особена важност да се продлабочи соработката со локалните добавувачи, со  универзитетите, поттикнувањето на активностите за истражување и развој,  како и континуирано подобрување на услугите кон инвеститорите во постинвестициониот период.

Советот за странски инвеститори при Стопанската комората на Северна Македонија е претставен од 130 компании кои имаат 50,000 вработени во различни дејности на целата територија на нашата држава со вкупен обрт од 5 милијарди евра.

Договорено е интензивирање на меѓусебната соработка преку поставување на заеднички цели, приоритети и активности.

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest