Планот за забрзан економски раст е продолжение на успешните политики за достигнување раст на БДП над 5%, 12 милијарди евра инвестиции и 156.000 нови работни места.
Планот за забрзан раст има три основни цели:
1. Првата цел е зголемени инвестиции во јавниот и приватниот сектор. Предвидени се јавни инвестиции во износ од 4 милијарди евра во следните пет години и мобилизирање на дополнителни 8 милијарди евра инвестиции од приватниот сектор.
2. Втората цел е забрзан раст, односно зголемување на просечната стапка на економски раст од 2,5% , колку што изнесуваше во изминатите 10 години на 5% просечно годишно во следните 5 години како таргет кој сакаме да го постигнеме.
3. Третата цел е обезбедување фискална консолидација, односно намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг.