Оддел за маркетинг

Економска промоција

Промотивните активности на Агенцијата имаат за цел промовирање на можности за инвестирање во земјата и извозниот потенцијал на македонските компании.

Секторот за маркетинг и односи со јавност се фокусира на активности кои вклучуваат изработка на промотивни материјали, присуство на меѓународни саеми, форуми, конференции и организација на бизнис настани, промоција на веб-страната  www.investnorthmacedonia.gov.mk, портал Браунфилд, Македонски бизнис портал за добавувачи, Портал за извоз  преку социјалните медиуми, како и др. локални и меѓународни ПР активности.

Invest North Macedonia започнува со нова кампања за социјални медиуми за промоција на своите активности, инвестициските потенцијали на земјата и извозните потенцијали на македонските компании.

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email
Share on print