Над 70 работни места и бруто плати од 2 000 евра во новата јужнокорејска инвестиција во земјата

Slika1

Инвестиција од 30 милиони евра, бруто плати од 2000 евра и 70 нови вработувања е проектот на јужнокорејската компанија Алмак и американската компанија Дура аутомотив системс кои денеска во ТИРЗ 2 Скопје го означија почетокот на заедничката инвестиција во земјава.

Станува збор за изградба на современ објект во кој ќе се произведуваат лесни профили за автообилската индустрија. Инвеститорите планираат да вложат во фабрика што ќе се простира на површина од 80 илјади квадратни метри. Стартот на производството го најавија за идната година. Очекуваат отварање на над 70 работни места, а најавија дека за висококвалификуваните кадри ќе издвојат бруто плата од околу 2000 евра

– Ова е уште една потврда за добрите економски политики што ги креираме. Создаваме предвидлив деловен амбиент за инвестиции, извоз, добро платени работни места, а со тоа и раст на економијата. Нашите заложби како Влада се да помогнеме во креирање на добро платените работни места и во таа насока во новата инвестиција се очекува просечната бруто плата да изнесува околу 2000 евра, изјави премиерот Зоран Заев пред присутните во зоната.

Според премиерот Заев просечната бруто плата за најслабо квалификуваните кадри кои ќе работат во фабриката ќе биде 889 евра или просечна нето плата од 580 евра.

– Одлучивме првиот капацитет да го изградиме во Скопје, по истражувањта што ги направивме во многу земји. Изградбата ќе заврши за 12 месеци со модерен дизајн на 80 илјади квадратни метри, изјави Џунпајо Парк, претседател и извршен директор на новата заедничка компанија.

Јужнокорејската компанија, како што изјави нејзиниот основач и директор Сојун Парк, ја користи зелената електрична енергија во процесот на производство и 100 проценти ги рециклира остатоците при процесот на производство.

– Ова ново партнерство не симболизира само бизнис, туку спој на две култури, учење на еден од друг и можност да се создаде подобар свет. Ќе работиме на градење успешна приказна на која ќе се гордееме сите, истакна Парк.

Од почетокот на 2021 вкупниот обем на инвестиции кои почнуваат или се во финална фаза на подготвка изнесува повеќе од 120 милиони евра со кои се очекува да се отворат повеќе од 2000 работни места и да се генерира дополнителен извоз на над две милијарди евра.

Прочитај повеќе bit.ly/3AQuPNs

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest