Можностите за инвестирање во Северна Македонија презентирани во Абу Даби, ОАЕ

Слика 1
Директорот на Invest North Macedonia, Газменд Абдија за време на престојот во Абу Даби ги презентираше инвестициските потенцијали на Северна Македонија  пред гигантот „Магна инвестмент“ од Обединетите Арапски Емирати.
„Магна инвестмент“ е инвестициска компанија која работи на меѓународно ниво и е специјализирана во областа на странски инвестиции и развој на големи проекти. Компанијата има успешна историја во инвестирање во повеќе сектори.
Директорот на Агенцијата со големо задоволство ја сподели веста дека „Магна инвестмент“ покажа голем интерес за инвестирање во нашата земја. На средбата се разговараше за можностите за развој на земјоделскиот сектор и воедно за создавање нови можности за економски развој во нашата земја.
Во таа насока, договорено е претставници на „Магна инвестмент“ во блиска иднина да ја посетат нашата земја, за да истражуваат повеќе и да идентификуваат конкретни инвестициски проекти. Ова е извонредна можност да се промовира економскиот развој и отворањето нови работни места во земјоделскиот и во други сектори.
Работиме со голема посветеност на создавање поволна инвестициска средина која привлекува странски инвеститори и го поттикнува развојот на земјоделскиот и другите сектори. Странските инвестиции се важна движечка сила за раст и модернизација на нашата економија.
Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest