Земјата е рангирана на прво место во регионот во однос на напредокот во исполнување на енергетските реформи, согласно Извештајот за одржлив развој, 2020 година на Енергетска заедница посветен на земјите од Западен Балкан.
Според извештајот, земјата има највисоки оценки на листата од шесте земји од Западен Балкан: Албанија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора во областите енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија, заштита на животната средина, транспарентноста и условите за инвестиции во областа на енергетиката.
Со владината стратешка рамка „Акција 21“ продолжуваат инвестициите во енергетиката со што државата останува лидер во регионот.
Во текот на 2021 година се очекува реализација на:
- Проект со кој термоелектраната Осломеј ќе се замени со фотонапонска електрана.
- На местото на стариот рудник во РЕК Осломеј се градат капацитети за 10 мегавати, а ќе се изградат уште две фотонапонски електрани од по 50 мегавати. Проценетата инвестициска вредност е околу 60 милиони евра.
- АД ТЕЦ Неготино распиша оглас за изработка на Физибилити студија .
- Изработка на физибилити студии за три нови фотонапонски електрани со вкупен капацитет од 160 мегавати во РЕК Битола.
- Изградбата на втората фаза од ветерниот парк Богданци 2, со којшто ќе се зголеми инсталираната моќност на постојниот ветерен парк. Проценетата инвестициска вредност од 21 милион евра.
Реализацијата и на нови ветерни паркови и во Св. Николе, Демир Капија и во Дебарца. Продолжува следната фаза за проектот вреден меѓу 600 и 800 милиони евра и тоа само по себе ја покажува сериозната намера за успех.