Република Северна Македонија е извозник на вино како стратешки извозен производ за земјата. Во однос на извозната вредност, виното ја држи втората позиција по тутунот.
Како земја без излез на море, земјата е исполнета со езера и реки и уникатна клима која се состои од медитерански и континентални влијанија што ја прават идеална за производство на вино.
Во централниот дел на земјата, преку регионот на Долината на реката Вардар, крај патиштата се простираат густи лозја и бројни винарии. Сите тие ја раскажуваат повеќевековната приказна за виното, која е нераскинливо поврзана со овие области. Виното е вметнато во културата и фолклорот на нацијата и се споменува во многу народни песни, приказни, легенди и традиции. Сите хроничари на македонските народни приказни од 19тиот и почетокот на 20тиот век забележале дека виното е неизоставен дел од обичаите и ритуалите.
Трендот во производството на вино, сепак, укажува на одредено намалување на количините, поради фактот што повеќето помали субјекти се насочени кон производство на квалитетно вино во шишиња.
- 99 регистрирани винарии во земјата кои произведуваат нешто повеќе од 100 милиони литри вино годишно.
Македонските винарии се ориентирани кон извоз, со зголемена продажба на вина во шишиња и промена на минатиот имиџ на земјата како извор на наливно вино. Сепак, тие се доминантни и на домашниот пазар, оставајќи мал простор за увезени вина од познати глобални вински региони. Околу 85% од вкупното производство се извезува и огромното мнозинство квалитетно флаширано вино се испраќа во соседните балкански земји, како и во Русија, Кина, САД и Германија (иако значителна количина на наливно вино сè уште се извезува во Германија), правејќи го виното втор најважен извозен производ на земјата.
- 213 хектари лозја со кои управуваат околу 20.000 индивидуални лозари и неколку големи компании за производство на грозје и вино.
Покрај засадените сорти грозје Каберне Совињон, Мерло и Сира, Шардоне и Ркацители, постои една сорта што доминира во пределот. ВРАНЕЦ е она што повеќето производители на вино го ставаат во првите редови на своето производство.Името Вранец во суштина значи „црн пастув“, сигнализирајќи вино со моќ, сила и дух.
Најдобрите 15 винарии се членки на винското здружение „Вина од Македонија”, кои работат успешно и заедно за да ги претставуваат вината и винските региони на земјата на извозните пазари. Истото тело учествува во креирањето на Законот за вино и работи на изнаоѓање на решенија за подобрување на квалитетот, заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во овој момент, членовите на „Вина од Македонија”се главните чинители во бизнисот со вино во земјата и повеќето од нив се особено насочени кон производство на квалитетни вина во шишиња. Другите винарии гравитираат кон „Вина од Македонија”, напредуваат кон време кога тие можат да се приклучат на телото, а потоа да започнат да придонесуваат во организирање на бизнисот со вино и неговите промотивни активности.