Во рамки на посетата на претседателот на Полска Анджеј Дуда на земјава, беше одржан македонско – полски визнис форум на коj претставници на компании од двете земји ќе ги разгледуваат можностите за интензивирање на економската соработка.
На бизнис форумот се обратија претседателите Стево Пендаровски и Анджеј Дуда, по што беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу организаторот на настанот Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и полската Агенција за инвестиции и трговија.
Меморандумот беше потпишан од страна на директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески и Криштоф Друнда, директор на Агенцијата за инвестиции и трговија на Полска. Целта на форумот е подобрување и зајакнување на соработката на компаниите од двете земји за што присутните ќе имаат можност по завршувањето на официјалниот дел за Б2Б средби, вмрежување и презентации.