Дејан Павлески, директор на Агенцијата, денеска беше почесен говорник, на првиот ден од “THE THINK GLOBAL CONFERENCE 2021″ на International Trade Council, FOREIGN DIRECT INVESTMENT DAY („ДЕН НА СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ”). Неговата онлине презентација е на тема „Можности за инвестирање и трговија”.https://investnorthmacedonia.gov.mk/event/foreign-direct-investment-day-think-global-conference-2021/
Агенцијата покрај со презентацијата на директорот за цело времетраење на настанот ќе биде присутна и со виртуелен штанд со можности за презентации и состаноци во реално време, онлине. Исто така присутни и претставени ќе бидат и бројни наши, домашни, извозно ориентирани компании.
Think Global конференцијата е најголемиот настан во светот за извозно ориентираните компании. Со 23.000 учесници на Ц ниво, кои доаѓаат од 79 земји, овој форум претставува едукативна и мрежна платформа каде што учесниците можат да се запознаат со новите трендови, размена на идеи, справување со предизвиците со кои се соочуваат како и можност за потенцијално да се сретнат со нивниот следен инвеститор, снабдувач или клиент. На Глобалната конференција присутни се компании од сите големини – од компании од Fortune 500 и средни компании до мали претпријатија и стартапи.