Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на бизнис форум на EXPO 2020 Dubai

Bekim photo

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот вчера во рамки на Тера аудиториум, еден од петте тематски аудиторуми на саемот организираше бизнис настан “North Macedonia Opportunities in travel, trade and tourism” на најголемиот светски настан EXPO 2020 Dubai.

Настанот беше отворен од страна на директорот на Агенцијата, Беким Емини кој ги презентираше предностите за инвестирање во земјата со посебен акцент на таргет секторите и извозните потенцијали на домашните компании.

Во две посебни сесии на форумот беа презентирани и извозните капацитети на нашата земја со посебен акцент на брзорастечките индустрии – ИКТ секторот и агробизнисот, како и туристичките потенцијали и можности на Северна Македонија за развој на туризмот во сите 4 сезони од годината.

На форумот беа присутни Амбасадорот на Република Северна Македонија во ОАЕ,  Н.Е. Абдулкадар Мемеди и Бекри Ајдини економскиот советник во ОАЕ и Генерален комесар на павиљонот на Северна Македонија на ЕКСПО 2020 Дубаи, како и претставници од стопанската комора на Дубаи и Абу Даби, како и претставници од секторот за храна и ИТ индустријата од Дубаи.

Учеството на Северна Македонија на EXPO 2020 Dubai има за цел преку претставување на инвестицискиот, извозниот и туристичкиот потенцијал на Северна Македонија да ја подигне видливоста на земјава на Блискиот Исток и во светски рамки, како и креирање мрежа на бизнис контакти и можности за зголемување на економската соработка и ривлекување на нови инвестиции.

За повеќе инфoрмации посетете го следниот линк:  https://bit.ly/3K7oItw

Share on facebook
Facebook
Share on google
Google+
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on pinterest
Pinterest