Трговија со Северна Македонија

Вкупна вредност на извезената стока

Вкупната вредност на извезената стока од Република Северна Македонија изнесува 4,6 милијарди евра, што претставува пад од 12,8% во споредба со истиот период минатата година. Вредноста на увезената стока во истиот период изнесуваше 6,1 милијарди евра или 11,5% помалку од истиот период минатата година. Вкупниот трговски дефицит беше 1,4 милијарди евра.

* Извор: Државен завод за статистика, јануари – октомври 2020 година

Најзначајни извезени производи во 2020 година:
• Катализатори со благороден метал или соединенија на благородни метали како активна супстанција,
• комплети за ожичување на палење и други гарнитури за ожичување од вид што се користат во возилата, авиони или бродови,
• делови од седиштата и фероникел.
Најзначајни увезени производи:
• Платина и легури на платина необработени или во форма на прав;
• Нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови);
• Производи од рамно валано железо или нелегиран челик;
• Позлатени или обложени и други метали од групата платина и нивни легури и необработени или во форма на прав.

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email
Share on print