Винска индустрија

ОПШТ ПРЕГЛЕД

Врз основа на официјалните статистички податоци од Државниот завод за статистика, вкупната површина на лозови насади во Република Северна Македонија останува стабилна со мало зголемување во изминатите 7 години, при што вкупната површина под лозја во 2017 година е зголемена за 10% во споредба со 2011 година.

Во моментов има 76 регистрирани винарии лоцирани во главните области за производство на грозје во земјата. Поради воведување на построги услови во однос на производствените капацитети и опремата на винарските визби, како и исполнување на нивната договорна обврска кон производителите на грозје, бројот на винарии во 2017 година падна од 86 колку што беа регистрирани во 2010 година, на 76 винарии кои во моментот се регистрирани во Регистарот на производители на вино во Министерството. Овој број е сè уште доста висок во споредба со само 28 регистрирани винарии во 2003 година. Вкупниот капацитет за преработка е скоро двапати поголем од годишното производство на вино.

Просечното годишно производство на вино варира помеѓу 110 и 120 милиони литри. Трендот во производството на вино, сепак, упатува на одредено намалување на количините, поради фактот што повеќето помали субјекти се насочени кон производство на квалитетно вино во шишиња.

Регистарот на лозови насади, како дел од постојаните регистри за земјоделски култури (регистар на лозови насади, овоштарници, јаткасти плодови и регистар на маслинки) е интегриран во СПИС, вклучувајќи специфични детални информации во врска со областа, сортите, годината на садење, растојанијата помеѓу и во редовите,  системот на садење, системот за наводнување и подлогата.

Врз основа на дигитализираните податоци во рамките на ЛПИС и анализата на области под лозја во Република Северна Македонија, има вкупно 29.095 ха лозја, како и дополнителни 804 ха кои се претежно лозја. Покрај тоа, има уште 7.049 ха земјоделско земјиште, кои се евидентираат како трајни култури (овоштарници и лозја).  Ако земеме предвид дека најмалку 50% од овие дополнителни недефинирани трајни земјоделски површини, припаѓаат во лозја (приближно 3.500 ха), вкупната површина под лозјата ќе изнесува 33.400 ха. Имајќи предвид дека од вкупните лозја 30% се сметаат за трпезно грозје, вкупната површина под лозја со грозје за производство на вино во Република Северна Македонија е околу 23.500 ха.

Република Северна Македонија е извозник на вино како стратешки извозен производ за земјата. Во однос на вкупната извозна вредност на земјоделските производи, извозот на вино ја држи втората позиција веднаш по тутунот. Вкупниот извоз на вино во 2017 година достигна 749,853 мл со вредност од 46,0 милиони евра, со пад од -3% по волумен и -3,6% по вредност во споредба со 2016 година.

 

Во 2018 година вкупниот извоз на вино достигна 755.384 мл со вредност од 50,8 милиони евра, со пораст и на обемот и на вредноста, во споредба со 2017 година. Ова се должи на зголемувањето на цените на изнесеното вино по единица производ, со значително зголемување на цената на виното во сите три продажни сегменти, во шише од + 11%, во „BaginBox“ од + 8% и како наливно вино +5%.

Во 2018 година, имаше незначително намалување на извозот на вино (шише) во земјите-членки на ЕУ по количина (-2%), но остварената вредност се зголеми за + 7%, имајќи предвид дека цената на извезеното вино, во сите три сегментите растат (+ 9% за вино во шишиња, + 8% за „BaginBox“ и + 2% за наливно вино).

Затоа, во 2018 година вкупниот извоз на вино од Република Северна Македонија се зголеми во квантитет и остварената вредност (+ 1% количина и + 10% од вредноста во споредба со 2017 година, додека остварената вкупна просечна цена се зголеми за + 10%.

Извоз и увоз на вино наливно (количина и вредност за 2007 – 2018 година)

 

* Официјалните податоци се собрани од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (документ наречен „ЕВРОПСКА УНИЈА – Подкомитет за земјоделство и риболов на Република Северна Македонија) Брисел, мај 2019 година

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Share on whatsapp
Share on email
Share on print