Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот во периодот од 16-20 октомври со свој штанд учествува на 8-миот Светски инвестициски форум кој се одржува во Абу Даби, ОАЕ. Форумот на едно место обединува над 8000 учесници од светот, над 130 настани, министри, менаџери и преставници на бизнис заедницата, како и учество на агенциите за инвестиции од целиот свет.
Директорот на Агенцијата, Газменд Абдија оствари работна средба со Амбасадорот на Северна Македонија во АБУ Даби, Обединети Арапски Емирати Н.Е. Абдулкадар Мемеди и економскиот советник од амбасадата во Абу Даби, Бекри Ајдини.
Во рамки на форумот на бројни средби и состаноци беа претставени инвестициските потенцијали и можности што ги нуди Северна Македонија.Остварени беа средби со претставници од повеќе агенции за инвестиции од светот за размена на искуства и примена на добри практики, како и детектирање на области за соработка и градење нови партнерства.